Бен Афлек признава дека неговите вештини за флертување би можеле да се подобрат.
Актерот интензивно го промовира филмот „Сметководител 2“.
Во едно ново интервју, тој рече дека се идентификува со неспособноста на својот лик Кристијан Волф да биде успешен со жените кога штотуку се враќа во светот на состанувањата.
„Тој сака врска со жена и се обидува да сфати како да го направи тоа, како да се претстави. Знаете, не му е удобно. Всушност не знае како да флертува“, рече Афлек, признавајќи дека се препознава во тоа.
„Не е лесно за никого да го сфати тоа, особено во многу раниот дел, кога се обидувате да процените: „Што значи овој сигнал? Дали оваа личност ме гледа? Дали ѝ се допаѓам?“ вели Бен.
Се чини дека разводот од Џенифер Лопез го потресол.
Искреното признание на Афлек доаѓа три месеци откако официјално се врати „на пазарот“.
Поранешната двојка одлучи да се раздели засекогаш по две години брак – во 2024 година.
Ова признание ги изненади обожавателите, со оглед на тоа што во минатото тој заведувал убавици како Лопез и Џенифер Гарнер.
Премиерата на филмот „Сметководителот 2“ е закажана за 25 април.



