Бизарниот инцидент се случил на 1 април, пред полетувањето на авионот на „Шенжен ерлајнс“, откако две патнички се скарале поради „аромата на парфемот“.
Жените седеле во ист ред, а по вербална расправија настанал сериозен хаос.
Двајцата мажи се обиделе да ги разделат, но безуспешно.
Екипажот во кабината се обидел да ја смири ситуацијата, кога наводно стјуардеса била касната за раката, а еден патник бил изгребан.
На крајот интервенирала полицијата, а жените биле отстранети од авионот.
Инцидентот предизвика задоцнување од два часа на летот Шенжен-Шангај додека авиокомпанијата започна внатрешна истрага.



