Легендарниот американски актер Роберт де Ниро ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворање на 78. Кански филмски фестивал, што ќе се одржи од 13 до 24 мај, соопштија денеска организаторите.
„Навистина го сакам филмскиот фестивал во Кан. Особено денес, кога толку многу во светот не разделуваат, Кан нe зближува. Тоа е како да се враќаме дома“, рече 81-годишниот актер во изјавата што ја објавија организаторите на фестивалот, пренесе „Фигаро“, пренесува Танјуг.
Четиринаесет години по претседавањето со жирито во 2011 година, актерот, режисерот и продуцентот ќе добијат признание за целата негова кариера, обележана со улоги кои станаа иконски, вклучувајќи ја и неговата легендарна соработка со Мартин Скорсезе, особено во филмот „Таксист“, за кој ја освои Златната палма во 1976 година.
Откриен во филмовите на Брајан Де Палма во доцните 1960-ти, Роберт де Ниро влезе во историјата играјќи го Вито Корлеоне во филмот на Френсис Форд Копола „Кум, дел II“ (1974), за кој го освои Оскар за најдобра споредна машка улога.
„Од мал насилник до голем мафијаш“, се вели во соопштението на организаторите на фестивалот, „Де Ниро никогаш нема да престане да го позајмува својот природен авторитет на фигурите на италијанско-американската мафија“, до степен да ги направи еден од неговите потписи.



