Динот Николсон од Шкотска го доживеа ова од прва рака. Уште во септември 2018 година, Дин реши да патува низ целиот свет со својот велосипед, сам. 31-годишникот се измори од работа од девет до пет и беше подготвен за нова авантура, пренесува Индекс.хр.
Патувањето помина одлично – патуваше во неколку различни земји и ги споделуваше своите авантури на социјалните мрежи. Но, неговите планови наскоро се сменија.
“Значи, токму кога се приближував кон границата со Црна Гора, слушнав мјаукање. Бевме околу 20 километри од најблискиот град, па беше очигледно дека некој фрли симпатична мачка”, напиша Дин во својот пост на Инстаграм.
Наскоро мачката го доби името – Нала. Дин одлучи да го однесе Нала на ветеринар, каде што откри дека нема микрочип. После тоа, тој реши да ја земе и да го продолжи патувањето. Дин и Нала станаа вистински пријатели кои имаат над 860 000 следбеници на Инстаграм. “Таа ме научи да забавам малку и да уживам многу повеќе во животот. Кога е на велосипед, нејзините потреби се на прво место, а тоа ја забави турнејата и сега застануваме и играме многу. Ако наидеме на шума, застануваме и играме, и таа исто така обожава да трча на плажа “, изјави Дин за BBC News.