Шефот од Sony кој е задолжен за оделението за PlayStation на својата конференција изјави дека се ближи крајот на животниот циклус на PS4, тоа значи дека компанијата ќе почне да развива нова генерација на конзолите.
Во последните неколку месеци на интернетот кружат шпекулации за новата генерација на PlayStation. Додека од Sony до денеска немаат оставено коментар во врска со оваа шпекулација, но сепак се знае дека PlayStation 4 веќе е неколку години на пазарот и секако дека компанијата размислува за негов наследник па сигурно е почната изработка на нова 5 верзија на PlayStation.
Во компанијата се посветуваат на новата генерација на популарните игри кои се играат на конзолите, можеме да заклучиме и според коментарот од шефот на PlayStation оделот Џон Кодер кој во својата конференција изјави дека се ближи крајот на PlayStation 4.
Секако тоа не значи дека Sony ќе престане со продажба на својата 4 та верзија од конзолите, и да пристигне PlayStation 5, сепак PS4 сеуште ќе биде во продажба, јасно е дека се ближи време за нова генерација со појак хардвер за подобра графика за поголема моќ за новите игри.
Што се однесува на PlayStation 5, таа конзола не треба да ја очекуваме оваа година, таа најверојатно би била наредната 2019 година или можеби во почеток на 2020 година, сепак од нас останува да чекаме.



