Арина Алиева, една од финалиските за виртуелната Мис на Казахстан 2018, ја шокираше јавноста откако објави дека е всушност млад човек.
Тоа е 22-годишниот Илија Диагилев, модел кој тврди дека аплицирал на натпреварот за да им докаже на своите пријатели дека мажите можат да поминат во изборот за мис.
Илија е убедува дека е можно денес се поради шминката и фотоапаратите. Така, со мала помош од шминка и фризери тој стана Арина..
Тој работел како манекен од 17 години, објавил фотографии како Арина на интернет и чекал реакции на публиката. Тие биле повеќе од позитивни, така што со бројот на гласови би можел да победи и на натпреварот. Сепак, откако имињата на финалистите беа објавени,и Илија го откри својот вистински идентитет во видеото.
Откако видеото беше пуштено, Арина беше дисквалификувана.



