Даниел често на својот профил на социјалната мрежа Facebook прикачува од своето синче фотографии и постојано посветува статуси за неговиот син Доријан и неговата сакана сопруга Ивана ,денес е среќен ден за нив и тој ги искажа своите емоции јавно.
? Доријан 07.05.2017 ?
Саатот 00:15 а ѕвони #Ивана на мобилен и ми вика … #ИМАШСИН …
Еве сеа го пишувам ова и ми течат солзи радосници како и тој момент!!!
Како да го објаснам тој момент за таткото, кој свесно сакал лозата, потомокот и поколението да му продолжат со машко чедо. Јас имав среќа тоа да биде прво па машко дете, јунак на тато, сонце на мама, гордост на дедовците и бабите, љубов на чичкото, стрината и вујкото. Кумот не благослови во црква со неколку чворови, растеше љубовта па растеше стомачето на Ивана, се роди јунакот, славевме на најубав начин за него, растеме здрави прави, уживаме секојдневно и продолжуваме понатаму, ТУКА НЕ ЗАСТАНУВАМЕ!
Горд сум и Среќен сум што можам да ги напишам за прв пат овие зборови …
???? СРЕЌЕН 1ви РОДЕНДЕН ДОРИЈАН СИНЕЕЕЕЕЕ МОЈ ????









