За децата и возрасните да бидат здрави, може да се каже дека најважна е исхраната. Сo користење на здравата храна и внесување природни состојки е гаранција дека децата правилно ќе се развиваат и ќе бидат имуно на различни болести.
Во Македонија има голем избор на сокови,но најдобри се природните цедени,и соковите правени дома на пареа.
- Вишна Лек
Листот на вишната се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспалението, го штити нервниот систем, помага кај несоница и лекува тешкотии кај менопаузата.Вишните се одличен извор на витамин и минерали и имаат благотворено дејство на целиот организам. Главниот пигмент е црвен антоцијан кој влијае како антиоксиданс, и затоа е еден од најважните регулатори на срцевиот ритам и процес на стареење.Ова овошје има голема улога и во одржување на убавината на кожата. Се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспаленија, помага кај несоница, го штити нервниот систем и во лекување на тешкотии кај менопауза.Освен како свеж плод, вишните може да ги користиме и замрзнати и суви и направени како сок.
Чај од стебленцата на вишната помага кај исфрлање на песок од уринарните канали, целулит, импотенција, бубрежна болест и хронично кашлање. Листот од вишна пак се користи како средство за убавина, а помага кај првут и потечени очни капаци.
- Малина Во многуте земји плодот се користи во научната медицина како средство за исфрлање на течностите, кај дијарејатаБ. Екстрактот од плодот делува против вирусот. Покрај тоа тој го активира панкреасот на лачање на инсулин па со тоа го намалува шеќерот во крвта. Се користи и во прехрамбената индустрија.Во последно време се истражува делувањето на малината во малигните заболувања. Востановено е дека елагинската киселина, која ја има многу во малината, спречува размножување на ќелиите рак. Превентивно дејство има и плодот и чајот од листот на малината (и другите јајцести овошја: јагода, капина и др.). Во терапијата на малигните заболувања малините не се лек и не можат да го заменат, но се добра заштита од тие болести.
- БоровницаПозната како лек против шеќерна болест, толку е делотворна што некои го нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка.
Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.
Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино – црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто – сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.
Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.
- Аронија Плодовите на аронијата се богати со витамините Ц, Е, Б2, Б6, , фолна киселина, кои што го оспоруваат стареењето, штитат од негативните ефекти на слободините радикали и на организмот му даваат енергија. За консумација се препорачува плодовите да бидат сушени или обработени за мармалад или домашен џем или сок. Плодовите на аронијата се сместени на листата на најлековити природни плодови.
- Капини Капината прави многу корисни ефекти за телото па експертите предвидуваат дека во иднина ова ќе биде едно од популарните овошја. Во медицински цели, од плодовите најчесто се прави вино кое е богато со витамини и минерали и е ефикасно кај анемијата бидејќи го зголемува нивото на железо во крвта. За да се види вистинскиот резултат од тоа, во текот на месецот треба да се пие дневно 1 дл вино, половина час пред јадење. Покрај крвта, капината го регулира крвниот притисок, циркулацијата, помага кај дигестивните проблеми, го зајакнува имунолошкиот систем и апетитот, го подобрува метаболизмот. Поради изобилството на железо, капината е многу важна во исхраната на бремените жени, доилки, деца, тинејџери и луѓето во климактериум. Лисјата на капината се природен лек против дијареа, а од нив се прави чај кој помага кај крварење во стомакот и цревна инфламација како и хронична иритација на слепото црево. А лекарите ја препорачуваат и кај парадентоза. Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалд, вино, во колачи, и листот на капината може да се искористи за чај.
Во Малешевијата се уште се негува традицијата да се изработуваат сокови од плодови .
Сокови произведени по домашен рецепт 100% природни, без додаток на конзерванси.
Ја посетивме госпоѓа Ирена Баливска која е позната по производство на природни производи. Нејзината фанстрана на фејзбук за да порачате чист сок без конзерванси е ТУКА.
Природата ни дарува многу плодови што постојано ни се на дофат, се што треба да направиме е да издвоиме време и да подготвиме вкусни сокови што се вистински витамински бомби.
Природните витамини и минерали не можат да се заменат со ништо така што за многу кратко време ќе забележите прилив на енергија и ќе се чувствувате полесни и посреќни.
Соковите цедени,и соковите приготвени на пареа се најдобро нешто може да ги внеси човек. Не препорачувам газирани,или така наречени ‘густи сокови од маркет,ти се полни со конзерванси итн за да стојат долго време,се се друго само не здрави. – изјави Ирена.