Ребека Гејхарт реагираше еден ден откако нејзиниот сопруг, актерот Ерик Дејн, објави дека му е дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Тие се во брак 14 години.
Го препознаваме Ерик, пред сe, како ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“.
Неговата сопруга, но и колешка, напиша на Инстаграм за вистинскиот луксуз во животот.
Таа ги дели децата Били (15) и Џорџија (13) со Ерик.
Таа состави список на работи што треба да се приоритизираат, вклучувајќи „време, здравје, смирен ум, бавни утра, можност за патување, одмор без грижа на совеста, добар ноќен сон“.
Тие имаа голема брачна криза во 2018 година, но решија да продолжат понатаму.
Нивните ќерки им помогнаа во ова.
„Навистина ја откривме формулата за тоа како да останеме семејство и мислам дека нашите деца имаат голема корист од тоа, а исто така и ние“, рече претходно Ребека.
Ерик ќе ја продолжи својата кариера.
„Ве молам да ни ја дадете приватноста мене и на моето семејство во овој период“, објави неодамна актерот.



