Последен пат го видовме Spider-Man со Том Холанд во 2021 година во филмот Spider-Man: No Way Home.
По многу шпекулации за продолжението на приказната, конечно е откриен насловот на новиот филм: Spider-Man: Brand New Day.
Режисерот Дестин Даниел Крајтон потврди во СинемаКон дека снимањето на четвртиот дел ќе започне ова лето.
Том Холанд, кој моментално ја снима „Одисеја“ на Кристофер Нолан, не беше присутен, но им се обрати на фановите со видео порака.
„Многу ми е жал што не можам да бидам со вас. Јас сум на половина пат околу светот, снимам филм. Знам дека ве оставивме со голем знак прашалник на крајот од No Way Home, така што Spider-Man: Brand New Day е нов почеток“, рече Холанд во видео пораката, а многумина беа изненадени што, со оглед на неговата историја на случајно откривање на содржини од филмовите, тој не откри нешто за новиот Spider-M.
“Тоа е сe што ми дозволија да кажам. Ја поминав фазата на откривање на спојлерите, затоа не грижете се. Нема да го сторам тоа денес”, се пошегува Холанд.
Се очекува да се појават некои стари ликови во новиот Спајдермен како што кажа и самиот Холанд, Spider-Man: No Way Home остави многу фанови со многу прашања. Филмот завршува со Питер Паркер, откако случајно отворил порта кон другите универзуми, донесувајќи ја тешката одлука да го избрише своето постоење од меморијата на сите што го познаваат.
Деталите за заплетот за четвртиот дел, кој треба да се појави во кината на 31 јули 2026 година, сè уште не се откриени. Се се чува во строга тајност, како што е практиката со филмовите на Марвел.
Режисерот Крирон за време на СинемаКон изјави дека сите напорно работат на новиот филм.
„Моето време го посветувам на истражување на следната фаза на овој неверојатен лик со тим од најталентираните уметници во светот. Секојдневно разговараме за оделото, начинот на кој се движи, како да создадеме настан, емотивна приказна и искуство какво што досега не сме виделе“, рече тој за време на панелот.
Иако се уште официјално не е потврдено името на друг актер освен Том Холанд, се шпекулира дека во филмот ќе глуми Сејди Синк.
„Би сакал да можам да ве запознаам со целиот наш тим кој дава се од себе за овој проект“, рече Критон, додавајќи: „Тие се неверојатни и ќе ја видите нивната извонредна работа кога Spider-Man: Brand New Day ќе се појави во кината“.



