Еден од најпознатите акциони глумци Силвестер Сталоне, откри како ќе изгледа Рамбо во петото продолжение на овој филм.
Снимањето на новото продолжение штотуку започна, додека славниот глумец Слај постави фотографија на неговиот инстаграм профил и со тоа откри како ќе изгледа новиот дел на Рамбо.
Новото продолжение на Рамбо пристигнува 2019 година, и тоа после 10 години од последното продолжение на овој филм.
Филмот е најавен како Рамбо во “присилен пат во пеколот” на кој он “уништува нарко картел”
“Пристигнува нешто поврзано со злото” – напиша Сталоне во мај оваа година, на својот инстаграм профил, во кој сподели и промотивна слика за филмот “Rambo V”