Пет часа дневно на телефон или компјутер не е е нешто необично за тинејџерките, додека тоа е ризик да станат болни од депресија. Така покажало истражувањето спроведено на Универзитетот во Сан Диего на кои биле споредени симптомите на депресија преку користење на социјалните мрежи.
Во студијата учествувале 133.000 тинејџери, кои одговарале на прашања од типот на колку често користите електронски уреди, кога е откриено дека женската млада популација е најранлива. Кај нив е најголем ризикот да паднат во депресија.
“Резултатите јасно покажале дека мобилните телефони и социјалните мрежи имаат поголем ефект врз девојките отколку кај момчињата. Причината е тоа што веројатно момчињата ги користат уредите само за видео игри. Додека девојчињата се оптеретени за својата популарност и статусот на социјалните мрежи, додека тоа се мери преку лајкови и броеви на претплати на Фејсбук или Инстаграм” – истакнува лидерот на студијата Др. Џен Твенг и додава дека бројот на тинејџери со здраствени проблеми е агрижувачко.



