Џон Траволта се сеќава на својот покоен син Џет.
Да беше судбината поинаква, вчера ќе го прославеше својот 33-ти роденден.
Џет почина во јануари 2009 година, на 16-годишна возраст, откако доживеал напад додека семејството било на одмор на Бахамите.
Адвокатот на Траволта подоцна потврди дека Џет имал слични напади во минатото.
Актерот објави трогателна фотографија на Инстаграм.
Го гледаме како го држи младиот Џет во рацете.
Тие се смееја, а Џет го галеше лицето на татко му.
„Среќен роденден, Џет. Многу ми недостигаш. Те сакам засекогаш“, напиша Траволта во емотивна објава.



