Ана Винтур е една од најфасцинантните жени на денешницата. Таа веќе 28 години е уредник на познатиот магазин “Вог”, а покрај светската модна индустрија, таа е активна во политички кругови.
Британско-американска новинарка и уредник Ана Винтур има важна уредничка позиција во модното списание, наречено “Вог”, а исто така работи како уметнички директор во Конде Нат.
Нејзините достигнувања се високи, а оваа жена е вистинска инспирација за луѓето ширум светот.
“Ана Винтур инспирира, нејзината посветеност и страст за модата, нејзината етика, нејзината поддршка за млади таленти е уникатна”, рече Кристофер Кејн
И додека често можеме да слушнеме како зборува за успех, постојат три клучни работи кои доведоа до реализација на своите соништа.
Таа е одлучна.
Во разговор, Ана објаснува како ја заслужила репутацијата на ладно лице кое е поврзано со водството.
“Тоа е победничкиот лик на лидерот,и квалитет на жената”.
Учела од својот татко.
Винтурова израснала во семејството на новинари, гледајќи го татко и Чарлс, кој тогаш бил уредник на Лондонскиот весник. Таа научила како да биде уредник.
“Научив колку е важно да се биде лидер, да бидам решена да ги поттикнам и другите луѓе да прават најдобро за себе”.
Таа не се кае.
И покрај грешките што таа ги признава, таа вели дека е важно да се обидете и да научите нешто од тоа, а потоа да продолжите напред без каење за минатото и грешките .
“Мислам дека луѓето го почитуваат ова и работат подобро во овие околности”