Фејсбук изгледа одлучи дека Месанџер нема доволно елементи, па затоа во апликацијата за чатување воведе видео реклами кои автоматски се пуштаат.
Функцијата во одреден број на држави е пристигната, сепак наскоро ќе биде достапна до сите корисници на фејсбук месанџер.
Фејсбук Месанџер минатата година почна со прикажување на статични реклами, но сега се одлучи тоа да го промени. Апликацијата во минатото многу пати беше блокирана поради причини како bloatware, но сепак овој потез сигурно нема да предизвика позитивно мислење кај корисниците на овој сервис.
“Корисничкото искуство е приоритет за нас. До денеска успешно тестираните статични реклами не покажаа промна кај лугето што ја користат оваа апликација без разлика колку пораки испраќаат. Видео рекламите можат да донесат друга атмосфера и расположение кај корисниците, ние сме уверни во тоа” – Изјавија од Фејсбук.