Фејсбук конечно направи измена со која на видео позив ќе им олесни на сите што ја користат опцијата за видео врска со повеке корисници.
Тоа значи дека ако вие до вчера остваривте видео врска со една особа и посакувавте да додадете уште неколку луѓе во вашата видео врска требаше да го прекинете позивот и потоа да отидете во инбокс со цел да ги одберете корисници со кои посакувате да остварите видео врската.
Но сепак фејсбук им олеснува на сите корисници со тоа што од денеска доколку сакате да додадете повеќе корисници во иста видео врска вие нема да имате потреба да ја прекинувате истата, затоа што ќе можат да се додадат повеќе корисници без да биде прекината видео врската.
Истотака фејсбук ќе креира чат конверзација на која ќе бидат сите корисници на групната видео врска.
Оваа опција е активирана во склоп на последните верзии на Android и iOS.



