Компанијата Фејсбук соопшти дека ги проширува своите огласи со воведување на огласи за работа кои ќе може да се прикажуваат на социјалната мрежа фејсбук. Тие истотака најавуваат дека се во план да влезат во трка со Линкедин.
Овој сервис е достапен за корисниците од Канада и Сад, додека деновиве ќе се појави и ширум светот.
Алатката за рекламирање ќе биде достапна во 40 држави, соопштува Фејсбук.
Од компанијата истотака е соопштено дека планираат да инвестираат милијарда долари во тимови кои ќе го развијат овој концепт.



