Новиот извештај за светската среќа ја рангираше Финска на првото место на листата осма година по ред, а нејзините жители го оценуваат својот живот како особено задоволувачки со просечна оценка од 7,74 од можни 10 поени.
13-тиот годишен Светски извештај за среќата, објавен по повод Меѓународниот ден на среќата на ОН, ги рангира најсреќните земји во светот барајќи од луѓето да го оценат својот живот.
Финска повторно го зазеде првото место, додека Костарика и Мексико за прв пат влегоа во топ 10.
Од земјите на поранешна Југославија највисоко е Словенија (19-то), потоа Косово (29), Србија е на 31-во, Босна и Херцеговина на 56-то, Црна Гора на 71-то место, а Хрватска на 86-то место, додека Македонија е на 86-то место од 147 земји на листата.
Студијата бара од луѓето да го оценат својот живот на скала од 0 до 10 – нула е најлошиот можен живот и 10 е најдобриот можен живот. Рангирањето на земјите се заснова на тригодишен просек на овие резултати.
Студијата покажала и дека луѓето „секаде биле премногу песимисти“.
Топ 10 најсреќни земји во светот според извештајот за среќа се:
Финска
Данска
Исланд
Шведска
Холандија
Костарика
Норвешка
Израел
Луксембург
Мексико



