Некои навистина одат во крајности за да ја задоволат својата потреба за внимание. Додека некои се прашуваат колку луѓе ќе дојдат на нивниот погреб, еден маж решил да дознае и да ги шокира луѓето со својот ненадеен изглед.
Тоа беше Дејвид Бертин од Белгија, а тој реши на прилично суров начин да му покаже на семејството што значи да се изгуби саканата личност.
Затоа ја лажирал сопствената смрт и сам си организирал погреб. На помош му дошле сопругата и децата.
Неговата ќерка објави порака на TikTok која го шокираше нивното семејство.
Објавата гласеше: “Почивај во мир тато. Никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку неправеден? Зошто ти? Ти требаше да бидеш дедо и цел живот го имаше пред тебе. Те сакаме и никогаш нема да те заборавиме”, пренесува Телеграф.



