Што е хепатитис Ц?
Хепатит Ц е вирусна инфекција на црниот дроб. Според Светската здравствена организација, од овој вирус се заболени повеќе од 170 милиони луѓе во светот. Ако навремено не се дијагностицира и лекува, може да се претвори во доживотно заболување на црниот дроб.
Иако за хепатитисот Б и Ц многу често се зборува како за заболување кое е многу лесно да се добие, повеќето луѓе не обраќаат внимание на предупредувањата за неговото лесно пренесување.
Многумина имаат хепатитис и тоа не го знаат, бидејќи лесно се пренесува и нема видливи симптоми. Со оглед на тоа дека двата вируси се пренесуваат преку заразена крв, сексуален однос, тетоважа, педикир, маникир, можноста за инфицирање е многу голема.
Ретко овие вируси можат да се пренесат и по вертикален пат, односно од инфицирана мајка на детето во текот на породувањето.
Во акутна фаза на болеста ( првите 6 месеци ) кај 60% до 70% од луѓето не постојат никакви симптоми. Кога ќе се појават првите симптоми не ретко се третираат како грип откако првично ќе се појават, најчесто како грип, со оглед на тоа дека симптомите на Хепатит Ц се многу слични на грипот.
Доколку се појават тие се:
– Намален апетит
– Исцрпеност
– Болка во стомакот
– Чешање
– Жолтица
– Блага грозница
– Темна урина
Хроничен хепатит Ц , клинички гледано , најчесто се открива случајно со оглед на тоа дека можно е да поминат и години без никакви симптоми. Вообичаено значајни симтоми на хепатитис се појавуваат дури по позначајно отекување на црниот дроб. Покрај црниот дроб, вирусот хепатит Ц ги напаѓа и другите органи, така да другите симптми се
– Исцрпеност
– Значаен губиток на телесна тежина
– Симптоми на грип
– Болка во мускулите и зглобовите
– Повремена треска и благо зголемена температура и чешање
– Пореметување на спиењето
– Болка во стомакот
– Промена на апетитот
– Гадење , мачнина, одвратност
– Пролив
– Депресија, главоболка, промени на расположение
Со времето и црниот дроб се повеќе пати од воспаленија што ги оневозможува неговите функции. Доколку навремено не се лекува може да доведе и до рак на црниот дроб., фиброза, или цироза.
Лекување на Хепатит Ц
Меѓутоа, без оглед на лечењето, од 69 до 90 отсто од инфицираните во организмот доживотно го задржуваат вирусот на хепатитис Ц, во вид на хронична инфекција. Објаснување е тоа што вирусот има особина на брзи и бројни промени, односно мутација, што му овозможува одбегнување на имуниот одговор на домаќинот. Во секој случај, во светот вирусот Ц го носат 170 милиони луѓе, или три посто од популацијата.
Не постои никаква вакцина против која може да спречи добивање на вирус Хепатит Ц, но постојат начини и мерки на внимание.
Постојат ли долгорочни ризици?
Доколку имате хепатитис Ц најважно е да се лекувате. Ако болеста не се лекува долги години таа може да го оштети црниот дроб. Како посериозни компликации може да се појават цироза или карцином на црн дроб.
Дијагностицирање на хепатитис Ц
Вашиот лекар може да дијагностицира дали сте заразени со хепатитис Ц со едноставен тест на крвта.
Грижете се за себе
Не постојат посебни видови храна која може да ви помогне во борбата против хепатит Ц, но тоа секогаш дајте ѝ предност на здравата и добро избалансирана храна. Избегнувајте алкохол, кој може штетно да влијае врз вашиот црн дроб.