Семи Шин призна дека не е заинтересирана да поминува време со нејзиниот татко – актерот Чарли Шин.
Во новата епизода од подкастот на нејзината мајка, Дениз Ричардс, поранешната сопруга на Шин, откри дека тие не се виделе или слушнале пет месеци.
Дениз и нејзината друга ќерка Лола Шин планирале да се сретнат со Чарли и да ручаат.
Семи одлучи да не им се придружи.
„Попрво би направила буквално се друго отколку да одам на ручек со татко ми“, рече Семи.
21-годишната Семи подоцна објасни дека 59-годишната ѕвезда од „Two and a Half Men“ и таа имале тешки „семејни односи“ со текот на годините.
„Мислам дека првите 13 години од мојот живот беа прилично лоши, а потоа бевме во ред неколку години, а сега е исто како – ОК“, додаде таа.
Шин со години се бореше со зависноста.
Ричардс призна дека врската на Чарли со Лола и неговите други деца „не била секогаш совршена“.



