Џенифер Лопез наводно купила нов дом откако го финализираше разводот со Бен Афлек.
Вилата се наоѓа во близина на Лос Анџелес, а People дознава дека Лопез за неа издвоила 18 милиони долари.
Веста не е изненадувачка, бидејќи Лопез (55) решила да се исели од домот во кој живеела со Бен.
Таа бара нов дом од минатата пролет, бидејќи веќе беше јасно дека бракот „се распаѓа“.
Тие го финализираа разводот во јануари.
Интересно е тоа што вилата на Беверли Хилс, вредна 68 милиони долари, која ја купила со нејзиниот поранешен сопруг се уште е на пазарот.
Бившите го купиле имотот за огромни 60 милиони долари во јуни 2023. Сега се обидуваат да заработат дополнителни пари од продажбата, но засега нема интерес.
Во прилог вака изгледа куќата во која живееја Бен и Лопез




