Џенифер Лопез и Алекс Родригез се во врска од март минатата година, а многумина се уверени дека наскоро ќе го објават датумот на свадбата.

На Родригез воопшто нема да му биде лесно. Имено, Џенифер ќе се омажи за него, но само ако поранешниот безбол играч се согласува со нејзините строги правила.
Двојката ќе почне да живее заедно, Џенифер планира да го задржи својот дом и го замоли Алекс да се откаже од својот. Таа го стори истото кога беше со Марк Ентони – тврди извор.
Џенифер сака да контролира се околу него, и секогаш знае што сака. Ако Алекс сака остатокот од својот живот да помине со неа, тој едноставно ќе мора да игра според нејзините правила, тврди извор, и вели дека пејачката во нејзиниот партнер е навистина заљубена и сака нивниот однос да успее.



