Познатата актерка го родила своето трето дете и ги сподели радосните вести на Instagram.
Џесика Алба и Кеш Ворен , парот кој веќе има две ќерки, доби момче на 31 декември.
“Хејс Алба Ворен 31/12/17. Најдобар подарок за Нова Година. Кеш и јас сме благословени.”, напиша Џесика на својот Инстаграм профил со слика на новороденчето.



