
Во текот на посетата на еден културен центар во Сандерленд, сопругата на принц Вилијам разговарала со младите луѓе кои се занимавале со разни креативни активности. Една девојка ја прашала дали би сакала да и направи тетоважа, на што Кејт потврдила.

“Таа ми рече дека тетоважата е многу убава, а јас и објаснив како да се грижи за неа”, изјави 18-годишната Саџида Бегум.
Се разбира оваа тетоважа е од кратко траење,нацртана е со к’на.

За оваа прилика Кејт го носеше трудничкото фустанче на познатиот бренд Серафин, кое чини 159 фунти. Овој бренд е меѓу омилените на убавата Кејт, познат по тоа што е достапен и за идни мајки со скромни примања.





