Научниците од Универзитетот во Торонто соопштија дека автомобилот на Тесла кој неодамна е ппуштен во космосот со помош на голема ракета, сепак ќе удри во земјата и нема да остане засекогаш во орбитата покрај сонцето како што предвиделе научниците претходно.
Автомобилот е лансиран на ракетата “Falcon Heavy” и сега се наоѓа на три милиони километри од Земјата. Симулацијата покажува дека автомобилот со кој управува кукла може да го заврши својот пат прерано.
“Тесла најверојатно ќе падне на земјата за десет милиони години” – изјави Хано Рејн.
Тој истакнува дека патувањето ќе ги заобиколи планетите Земја и Марс, но постепено ќе биде променет павецот и ќе биде посочена спрема планетата Земја и ќе падне во далечната иднина во истата планета Земја.



