Долго очекуваното рударење од телефон за крипто валутата Електронеум која е најмногу посветена на мобилни телефони, своето рударење од телефон официјално ќе биде пуштено на 5 Март.
Ричард основачот на Електронеум ги извести сите корисници на оваа крипто валута дека на 5 Март официјално ќе биде пуштена апликацијата за рударење која моментално ќе биде само за Андроид. Првата верзија е само за Андроид, додека за Ајфон уредите се очекува да излезе до крајот на овој месец.
Се шпекулира дека Електронеум има склучено договор со Самсунг но затоа сеуште нема официјални податоци, секако доколку има ќе бидат објавени од наша страна.



