Манeкенката Чика Лан ја промовираше својата нова фризура под надимакот “Медуза”. Чика Лан изјави дека нејзината фризура вреди 40 милиони, и поради тоа она има и полициско обезбедување.
Не се знае точно дали вистина вреди 40 милиони, но сепак поради тие изјави добила непосакувани закани и затоа одлучила да побара и полициско обезбедување.
‘Кога првпат објавив колку чини мојата фризура на социјални мрежи, од тогаш се соочувам со разни закани. Сватив дека направив грешка што ја објавив цената на мојата фризура на социјалните мрежи’ – изјави Чика Лан која и покрај заканите нема намера да ја промени својата фризура.

Сакам да бидам уникатна и подготвена сум да се справам со разни непријатности, додаде манeкенката.




