Maja Trajkovic напиша на социјалната мрежа Facebook прочитајте!
Пред да го објавам ова и во една група ЖЕНСКИ ДОМАЌИНСКИ МУАБЕТИ (клик на линкот за да пристапите до групата),прочитајте го текстот и посакајте среќа на Скопје, Ани те спомнувам во текстот!
ЌЕ ПОЧНАМ СО ГОЛЕМИНАТА НА БУКВИТЕ, БИДЕЈЌИ ПРЕКУ НЕА САКАМ ДА ЈА НАГЛАСАМ ПОТРЕБАТА ДЕКА ЖИВОТОТ Е СКАПОЦЕН, НО И МНОГУ СКАП , ЗАТОА Е ПОТРЕБНА ДА СЕ РАШИРИ ИНИЦИЈАТИВАТА КАКО ЧУМА ОД БИТОЛА И ПРИЛЕП КОН СКОПЈЕ И ПРЕОСТАНАТИТЕ ГРАДОВИ!
ДА ГО СЛЕДИМЕ ПРИМЕРОТ ОД СВЕТОТ И ОД БАЛКАНОТ!Драга Ани, ако не беше ти со твоето постирање ќе бев јас да побарам подршка, а не милостина, која што се случува насекаде во светот , па и на Балканот!
Во светот не се спомнува зборот милостина, се препознава подршка во олеснување на страдањата , се подава позитивна мисла и како космос се шири насмевка кон нас онколошките пациенти, бидејќи нам ни е неопходна духовна и материјална сила да го разбиеме злото во нас!Ние сме тие , кои сме втурнати во оперативни сали, инфузии, хемотерапии во лекарските темни кулоари, терапии кои како шила ни ги распаруваат нашите тела, медикаменти кои не знаеме дали ни се отров или лек, ете ние ништо не знаеме, дали сме студии на случаи или пак експерименти, не шијат и рашиваат, губиме делови, инвалидноста е вообичаена појава кај нас, но ние не сме сами ,со нас се и нашите семејства, кои во очајни обиди да не задржат покрај себе продаваат куќи, станови , ниви или било што е од материјална вредност, за да се роди духовна надеж дека ќе продолжиме да чекориме заедно со нив!
Ни велат да живееме ко билки, да го чуваме спокојот, а како да го сочуваме кога нашите животи се претвараат во материјални расходи од кои ни страдаат и семејствата!
Препуштени на сами себе, маргинилизирани од општествената структура, а истовремено борци, трагачи по лекот во лекарските ординации или по лекот во природата, ние сите таму сме во одделот за онкологија заспиваме и се будиме за живот, ете тоа треба да не поврзе и да се сподели со луѓето, од кои бараме подршка, а не милостина!Нам ни треба човечност и хуманост од државата и од приватни фирми со попусти , кои како што велиш ти, Ани дека насекаде низ светот ги подржуваат борците за живот и во право си, додека бев на боледување анализирав и забележав дека Македонија е на дното, не затоа што не постои хуманост , туку затоа што никој не покажал иницијатива, за да се подигне свеста кај луѓето!
Се прашувам зошто досега никој не ја отворил пандорината кутија и зошто толку многу невладин граѓански сектор гледам по телевизиските медиуми, кои говорат за нас, онколошките пациенти а не ни ги знаат потребите?!Затоа ги подржувам иницијативите , кои доаѓаат од Битола, Прилеп и од другите градови да им помогнат на своите сограѓани и сограѓанки да им ги олеснат материјалните глоби и ете во овие градови од овие иницијативи следат попусти од приватни фирми , се приклучуваат фирми , почнувајќи од игротеки, козметички салони, фризерски салони ,јога-курсеви, фитнес теретани , масажи, базени , туристички агенции, продавници за здрава храна и нека ми простат многу разновидни активности, за кои верувајте ми неопходни се, бидејќи сме гладни и жедни за живот, а истовремено ги црпиме семејните материјални ресурси !
Веќе нема да пишувам да се следи примерот од светот, туку ќе кажам да се следи примерот за човечност од Битола и Прилеп!Нам не ни требаат сомнителни трговци, кои тргуваат со нашиот живот , кога ќе забележат очај во нашите погледи!
Нам ни треба материјална подршка, не милостина, бидејќи милостината е бесплатна!
Срушете ги ѕидините од вашите срца, барикадите и предрасудите од вашите души и соградете мостови од човечност и хуманост за Скопје!Поминаа две седмици Ани откако ти го напиша твојот текст, кој ми беше императив да те поддржам и да го подржам Скопје и веќе неодамна го променив онколошкото во себе и се нареков трагач по материјални и духовни одговори зошто ми беше потребна средбата со ракот и заклучив дека средбата со ракот е средбата со самата себе и разбрав дека сите ние кои сме го криеле злото треба да се соочиме со промени на животните навики, кои сме ги имале и не треба да се чувствуваме како пациенти, туку како најсилните луѓе во планетата земја!
Луѓе, спуштете ги барикадите и предрасудите, градете мостови со нас, кои не нарекуваат ,,онколошки пациентиќ’’, од нас најмногу можете да научите!
Не осудувајте ме, јас сум само човек, кој помина километри контемплации и размени милион перцепцеии се своите сожителки во мојот град Скопје, пред да го напишам овој текст, кој претставува една молба до моите сограѓани Скопјани и Скопјанки да покажат човечност!
Јас знам дека постои хуманост, затоа се осмелувам да ја барам!Инаку ми пречат револверски меѓуградски пресметувања од типот на:,, Скопјанките’’, ,, Битолчанките ’’ ,, Велешанките’’ , простете ми драги жени и девојки, не можам да ги наведам сите градови, бидејќи покрај градовите живеат и селата, што ли прават жените и девојките кои живеат по села, всушност цела Македонија се сретнува со она, од кое најмногу секое човечко битие стравува да не го доживее и секому треба да се помогне!



