НАСА испраќа хеликоптер на Марс во склоп на следната мисија за истражување на црвената планета. Летот на хеликоптерот кој го носи името “Марс” е закажан за јули 2020 година.
“НАСА има голема истроија. Идејата да испрати хеликоптер на друга планета е возбудлива. Хеликоптерот ни дава многу надеж на нашата иднина за пронаоѓање и истражување на нови работи на црвената земја Марс ” – изјави администраторот во НАСА Џим Брајденстин.
Проектот хеликоптер во “Марс” започна во август 2013 година како проект за развој на нова технологија од страна на НАСА.
Со двојна ротирачка брзина, хеликоптерот Марс ќе постигнува до 3.000 обрти во минута, тоа е 10 пати повеќе од брзината која ја има хеликоптерот на Земјата. Истотака хеликоптерот содржи соларни ќелии за полнење на лионски батерии и механизам за греење како би било топло во ладните денови на Марс.
“Прва држава во светот и прва нација во историјата е САД која ќе испрати хеликоптер на Марс. Ова е многу возбудливо и ќе ги потикне сите млади научници ширум Америка да постанат еден ден инжињери.” – изјави републиканскиот конгресмен Џон Калберсон.



