Веганството е начин на исхрана која одбегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена.
Веганската исхрана се заснова врз житарици, мешунки, овошје и зеленчук. Веганите и веганките не јадат месо, риба, морски плодови, јајца, млеко, млечни производи, мед ниту пак носат работи од крзно, волна, коски, кожа, корали, бисери и било какви други материјали од животинско потекло.
Многу вегани исто така избегнуваат производи тестирани врз животни. За разлика од вегетаријанците чија исхрана е без убивање, веганската исхрана не само што е без убивање, туку е и без искористување на животните. Веганството се разликува од вегетаријанството бидејќи е сведено во потполност на растителна исхрана. Зборот веган настанал во 1940 како скратеница од зборот вегетаријанец, во вегетаријанско друштво во Англија, кои на тој начин сакале да ги разликуваат оние членови кои во потполност ги отфрлаат производите од животинско потекло.
Луѓето стануваат вегани од многу причини, вклучувајќи етичка и морална грижа за животните и околината, потоа лични причини, поврзани за здравјето, духовноста и верата. Што се однесува до етичките причини, веганската исхрана спречува масовно и систематско колење на голем број на животни. Што се однесува на здравјето, важно е да се истакне дека производите од месо, млеко и јајца содржат високо ниво на холестерол и маснотии кои предизвикуваат големи штети на човековото здравје. И на крај, гледано од еколошки аспект, месната индустрија поттикнува големо загадување на воздухот, земјата и водата, допринесува експлоатација и сечење на шумите и големи земјини површини за одгледување на растителни култури наменети за прехрана на голем број животни. Веганите тврдат дека веганската исхрана може во потполност да ги задоволи потребите на организмот, па дури и на професионалните спортисти. Тоа го докажува Веганска билдерска група активна повеќе години која ги кржи сите табу-теми околу веганите како слаби и неухранети луѓе.
Дали веганската исхрана е добра?
Но, во веганската исхрана има сè што ви е потребно – од витамин А, до железо. Оваа исхрана може да го сочува здравјето на организмот затоа што е богата со белковини, влакна, витамини, минерали и јаглехидрати.
Како да станете веган?
Ако веќе сте се решиле да станете дел од овој начин на живот и исхрана, треба да ги знаете точните замени за храната која ќе ја исфрлите од употреба.
Белковини
Почесто консумирајте соино млеко, тофу сирење, ориз, тестенини, грашок, грав, јаткасти плодови.
Витамини
Се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, во мешаните салати, спанаќот, брокулите, доматите кои содржат витамини А,Ц,К и Б. Витаминот Е се наоѓа во пиперките, маслиновото масло и јаткастите плодови, а витаминот Б12 во квасецот.
Минерали
Грозјето, цинкот и магнезиумот ќе ги внесете преку бадеми, ориз, суви кајсии и производи од соја.
Протеини
Соино млеко, спанаќ, брокула, ориз, путер од кикирики, тофу, бареми, компиер, грав, овесна каша.
Калциум
За да имате силни коски, консумирајте зеленчук со зелена боја, соја или оризово млеко. Тофу сирењето е збогатено со калциум сулфат, но и покрај сите производи препорачливо е да внесувате додатоци во исхраната кои се богати со калциум.
Витамин Д
Во веганската исхрана не се наоѓа витаминот Д, но тоа може да се надополни со умерено изложување на сонце. За постојано произведување на витамин Д во телото, потребно е да се сончате по 15 минути дневно, 4 до 5 пати неделно. Исто така, практикувајте соино или оризово млеко збогатено со витамини и сок од портокал.
Железо
Добри извори на железо се темно зелените лиснати зеленчуци и гравот, а за подобра апсорпција, консумирајте ги со храна богата со витамин Ц. Витаминот Ц го има во цвеклото, блитвата, сојата, просото, сувото грозје, лубеницата, леблебијата…
Маснотии
Ако консумирате веганска храна, ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања и рак. Маснотиите ќе ги добивате преку ореви, масла од семки, авокадо и маргарин.
Омега-3 масни киселини
Почесто консумирајте ореви, тофу сирење, соја и ленено семе.

Што е добра протеинска замена за млекото и јајцата?
Банана, јаболка, тофу, оризово млеко, соино сирење.
Што јадат веганите?
Палачинки без јајца, колачи без јајца, овесна каша, лазањи, овошно фрапе, салати, супи, спанаќ, пити, овес, шпагети, урми, јаболка, смрзнато овошје, макарони, пржен зеленчук, банани, соја, плескавици од зеленчук, кајгана од тофу, соја сладолед, пица без сирење…
Зошто е добро да си веган?
Според искуството на оние кои станале вегани, затоа што консумирате овошје наместо јаглехидрати, ќе ја изгубите потребата за слатко. Со тоа нивото на енергија во текот на денот е постабилно и немате напад на глад. Исто така, потребата за леб се намалува, а желбата за здрава и освежителна салата се зголемува.
Приливот на енергија се зголемува и до 3 пати, а со самото тоа чувствувате поголема потреба од прошетка, спорт и природа.



