Точно пред 82 години,ова е за историја на светот,дури и за историјата на едно семејство, краток временски период,посебно за кралското семејство,крал Едвард VIII морал да бира меѓу саканата или престолот.
Ја избрал својата љубов и одлучил да биди среќен,засекогаш ја напуштил Британија. Круната не дозволувала еден крал да се ожени со жена која е два пати разведена,и се заканувала криза на владата,се изјаснал и народот,Едвард едноставно ги напуштил во име на љубовта.
Поминале 61 година,односно пред 21 година,во сообраќајна несреќа во Франција смртно настрадала Лејди Дијана,заедно со својот партнер Доди Ал-Фајед. Дијана која не се снајде во кралството семејство,несреќна,желна за искрена љубов,напишани се многу книги,снимено е многу документарни филмови,а за несреќата се шпекулираше многу,една од приказните е дека Дијана била бремена,па кралицата не смеела да дозволи принцовите Вилијам и Хари да добијаат полубрат или полусестра кои би биле муслимани.
Осум години после смрта на Дијана,нејзиниот бивш сопруг,принцот Чарлс се венча со својата долгогодишна љубовница Камила. Ова беше првото граѓанско венчавање на некој од членовите од семејството,кралицата не дозволи црквено венчавање и по протокол на истото не присуствуваше.

Деновиве се случи културолошки земјотрес во Британија,принц Хари,се ожени со жена која нема ни малку плава крв,која е разведена и има афроамеричко потекло. Малку е црнкиња но тоа е најмалку важно,каде владее љубовта не е важно тоа.
Во минатите години било просто незамисливо да се венча некој од кралско семејство со “обичен” човек.
За да влези во кралското семејство,Меган морала да се откажи од својата кариера,промени вера,дури морала да се откажи од местото амбасадорка во УН за права на жените во род рамноправност.
Веќе никогаш не смее да се фотографира со чаша вино во рака,да се појави босонога,морала да ги исклучи сите свои профили од социјалните мрежи,бидејќи ќе се огласуваат само преку официјалните профили на кралството како што ги користеле и Вилијам,Кејт, не смее јавно да изразува љубов према Хари,да дава автограми бидејќи нејзиниот потпис може лесно да биди фалсификуван,и уште многу други работи.
Кога се согласила на сето тоа,како што изјавија суптилно кралицата потпишала дозвола за венчавање. Црквено. На внукот му дозволи тоа што не го дозволи во минатото на нејзиниот син.
Љубовта победила и времињата се променија.
Британците пред ова венчавање со денови беа потполно позитивно хистерични и венчавањето го следеа милиони луѓе низ светот,ова венчавање ги зближи со “обичните” луѓе и ги прекрши сите бариери на кои семејствата им бранеа на многумина парови да се заедно.
Во кралското семејство влезе жена на која пра пра баба била робинка на плантажите за памук во Џорџија и братучед исто така роб доброволно се борел во граѓанската војна бидејќи се борел за слобода од ропството.
Од приказните за семејството нејзино и Меган ја нарекоа девојката од памучното поле до кралска палата и многу ја споредуваат со приказната за Пепелашка.
Сигурно сте прочитале дека таткото на Меган не е повикан на венчањето и не присуствуваше што е нормално бидејќи направил грешка,продал фотографии,исто така не присуствуваше и нејзината полусестра бидејќи пишувала лоши работи за Меган во своите книги во минатото,како ни нејзиниот полубрат кој има криминално минато.
До олтарот ја испрати принц Чарлс што е малку тажно во оваа приказна.
Кралското семејство има строг протокол откако постои. Секоја промена предизвикува озбилна ситуација како во семејството така и во јавноста,ова е секако историско венчавање – Семејството прими жена која има црни гени и која има ропско потекло. И ова не е бајка.
Паралелно со ова и во земјите низ цел свет има приказни за забранети љубови бидејќи не се исто “ниво” или таа е муслиманка тој христијанин и обратно итн. Сеуште е проблем да се сакаат меѓу себе и сеуште има родители кои се мешаат во одлуките на своите деца и нивните избраници.
И знаете оние приказни за минатото,кој дедо кој убил,кој војувал ваму,кој која земја ја одзел,кој која вода пиел,па немаме ист господ итн. Овде сеуште татковците лупаат со дланката на рака и зборуваат кој во нивна куќа нема да влези,кој треба утре леб да им меси,мора обавезно презиме да носи,мајките се фаќаат за синот каде што не им е место и кажуваат – Зарем толку години растеле синови за некоја којзнае од каква фамилија донесат во куќа ваква онаква, итн.
Многу има несреќни луѓе кои не можеле да се изборат за себе од своите семејства. Колку луѓе кои поради љубовта ја избрале љубовта и не ги гледаат своите родители бидејќи родителите решаваат да ги откажат своите деца поради горенаведените причини итн и многу други.
Колку родители кои на своите деца не им раскажуваат приказни за љубовта, само за вековната омраза зборуваат.
Кралицата дозволи брак,но родителите нема никогаш такви се,секогаш ќе го тераат тоа нивното,па пак таа приказна кој е главен во куќа,па оваа од никакво семејство итн муабетите што се добро познати на сите.
Затоа оваа венчавка е многу важна за цел свет, поука за сите оние кои ги уништуваат животите на своите деца и да бидат несреќни.
Mногу родители од разна вера,нација можеби ќе размислат добро и ќе ги остават децата да бидат среќни со своите сакани.
Почитувајте ги туѓите избраници,секој на свој начин е среќен.
Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување.



