Анџелина Џоли е бесна на својот поранешен сопруг,холивудскиот актер Бред Пит. Причината е таа што своите деца не може да ги изнеси од Америка.
Глумицата е принудена да отпатува во Лондон,каде што извесно време ќе престојува за да снима продолжение на филмот “Maleficent” .
Таа барала своите деца да ги носи со себе,но судот не допушта да ги изнеси надвор од Америка,се додека со сопругот не заврши долготрајната борба за старателство над нив.
Како пишуваат америчките медиуми,глумицата поради тоа е бесна и нервозна бидејќи мора да биди разделена од децата на долго време,а борбата околу старателството трае од 2016 кога ги предаде документите за развод.



