Steam е платформа за игри, на која гејмерите прават свои профили на кои купуваат игри. До денеска неможевме да водиме евиденција колкава е вкупната сума на сите игри кои сме ги купиле на оваа платформа.
Платформа која постана клучна за секој компјутер, платформа на која скоро секоја игра на пазарот е достапна и додека некој игри се исклучиво достапни на Steam платформата.
Секогаш имаше страни каде можеше да се провери сума на игрите но никогаш таа не беше точна со онаа што ние сме ја вложиле затоа што цените постојано беа изменети.
Денеска се појави нова опција на Steam која директно ви покажува целосни податоци за играта што сте ја купиле (датум на купување, цена итн).
Доколку мислите дека до сега сте потрошиле мала количина на пари, затоа што започнаа големите летни попусти на игрите на оваа платформа.



