Популарната социјална мрежа Фејсбук донесе новост која може да предизвика бурна реакција меѓу корисниците со цел да ја напуштат оваа социјална мрежа.
Начелно, Фејсбук најави почеток на проектот кој има цел да наплаќа за членство во групи.
Според јавните информации објавени од Фејсбук, месечно наплаќање за членство во групи ќе биде одредено од администраторите, и со цени од 4 евра до 25 евра.
Причината за промена на оваа политика базирана на бесплатни услуги, фејсбук сака да им подаде поддршка на администраторите да придонесат буџет поради својот влог и труд што го даваат секојдневно на групите.
Проектот е веќе започнат, и почна да се применува во неколку групи кои добиле известување дека треба да дадат партиципација за да останат во групата.
Претплатата ќе биде извршена на еден начин, преку уплата на Фејсбук без разлика дали е од Android, iOS, Desktop.
Според сопственикот Марк З. во блиска иднина имаат план да одредат цена и за користење на фесбук профилите, тоа значи дека ако имате сопствен профил на фејсбук можеби наскоро ќе треба да одвоите од вашиот буџет одредена сума на пари на месечно ниво.



