Во познатиот салон за електроника во Америка Валмарт се појави машина која е во форма на банкомат и работи на принцип на кој можете да го продадете вашиот телефон и притоа да добиете пари веднаш, но сепак тука стои некоја маркетинг измама или кражба на податоци
После неколку истражувања спроведени од тимот на Кафе Муабети приметивме една чудна работа поврзана со овој така наречен Еколошки Банкомат.
Без разлика дали телефонот е најнов како во видеото кое ви го прикажуваме од страна на еден дечко кој проба својот Samsung Galaxy S9 да го продаде и притоа доби една смешна цена од 155$.
Процесот за проверка на телефонот е малку чуден затоа што му требаат неколку минути да ги прочита податоците од телефонот и притоа машината најавува дека вчитува податоци од Софтверска верзија, целосна меморија на телефонот, и дали е оштетен физички откривајки преку сензорите кои ги користи оваа машина.
Да ја погледнеме другата страна на оваа машина од една страна на некој постар тип на телефони како Galaxy Note 4 нуди 0$ буквално ви дава опција дали да си го зачува телефонот или да ви го врати, што нема смисла.
Оваа машина е направена со една цел и тоа која е точната ќе видиме самите.
- Додека вашиот телефон е внатре прикачен и додека процедурата трае неколку минути можно е машината да ги превземе сите ваши податоци (пораки, контакти, фотографии итн).
- Намерно принуда на ниска цена со цел да се направи заработка и вие да бидете измамени или намерно направено е вие да пробате но сепак да си го побарате телефонот без да знаете што всушност машината проверила во вашиот телефон и дали нешто вметнала во вашиот телефон.
- Оваа машина е направена со една цел и тоа која е точната ќе видиме самите.
Кога би размислиле ова е супер идеја која би ви заштедила време на продажба на вашиот телефон преку онлајн барање на купец, но сепак зошто цената е премногу ниска?
Погледнете ги видеата во прилогот и размислете.



