Здрава и густа коса е она што секоја жена го посакува.
Оставете настрана регенератори,шампони и сите други комерцијални производи. Најдобар начин да се забрза раст на коса е храна.
Звучи чудно,но вистина е. Протеините од храната се тие кои ја хранат вашата коса. Витамини и минерали како што се бета каротен,витамин б6, витамин ц, б12, биотен,и фолна киселина,се тие кои и помагаат на вашата коса да расти.
Еве неколку намирници кои можат да ви помогнат:
- Јајца
Јајцата помагаат во раст на косата поради тоа што го содржат веќе споменатиот биотен и витамин б. - Риба
Се препорачува рибата најдобро да е помрсна,како што е скуша или лосос. Риба не го забрзува растот на коса,но го спречува паѓањето. - Житарки
Тие содржат цинк,б витамин,освен што влијаат на раст,тие влијаат и на густина,се препорачува да се внесува се почесто житарки. - Банани
Бананите содржат б6 витамин,кој е исклучително важен за густината на косата. Колку повеќе густина,помалку ќе паѓа. Б6 помага и во создавање на крвни зрнца кои помагаат косата да остани здрава. - Печурки
Печурките содржат бакар,бакар на косата и дава сила,освен кај печурките,овај витамин го има и во семките,сончоглед.внесете ги во исхраната.



