Поп – рок пејачката Аврил Лавињ, како што им вети на своите фанови таа се врати назад на музичката сцена.
Звездата од Канада во последните 8 години не беше активна на музичката сцена, затоа што боледуваше од Лајмска болест.
Неколку години ги поминав сама во својот дом, борејки се со својата лајмска болест. Тоа беа најлошите денови од мојот живот затоа што имав физички и емоционални проблеми. Успеав да победам и да се вратам на музиката која ме прави горда – напиша пејачката во отворено писмо на нејзиниот веб портал.
Пишував на својот кревет, каде што повеќето песни ги имам напишано. Зборовите кои излегуваат се директно од моето искуство. Искрено, така се одржував во животот, затоа што имам цел за која живеам а тоа е Музиката – додаде Аврил.
“Head Above Water” е првата песна напишана од Аврил после оздравувањето.
За првиот сингл снимен е и емотивен спот.



