Енди Сасз од Велика Британија е најголемиот среќник поради својот миленик. Неговото милениче по надимак Теди му го спаси животот со своето лаење.
Кучето Тед со лаење успеа да го разбуди својот сопственик од кома.
Во декември минатата година Енди завршил во болница поради тешки проблеми со својата плуќа. Престанал да диши, докторите биле присилени да го стават во кома својот пациент како би му го спасиле животот.
Лекарите очекувале дека е потребно барем седум дена, за Енди да се разбуди од кома.
Неговата сопруга која постојано била до него, наместо да чека сама се решила да го донесе својот миленик тоа е кучето Теди.
Како што дознаваат медиумите, Енди го вдомил Теди во 2012 година, тоа било годината кога на Енди му бил дијагностиран рак на цревата. Покрај таа битка со болеста, неговиот миленик Теди бил постојано покрај него.



