Дворецот Волмер, кој е моментално купен од страна на Дејвид Бекам и неговиот пријател Гај Ричи за неверојатни 2.7 милиони евра се наоѓа на Нотинг Хилс во западен Лондон. Нивната желба е да биде паб кој ќе им понуди на гостите опуштање и забава пред се, двајцата пријатели сакаат да го направат ова место луксузно како по вкус на богатите.
“Дејвид неможе да почека со работа, многу време посветува за да го заврши овој проект” – изјавил извор близок до поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.
Ричи, кој се бави со произведување на пиво, ќе биде задолжен најмногу за таа работа за која Бекам нема да има улога. Во него има амбиција и сигурност дека најубавото пиво ќе се точи баш во овој паб.
Дејвид и Гај се долгогодишни пријатели.



