Шведските ќофтиња на Ikea се барани од луѓе од целиот свет.
Дојдовме до рецептот нивни а тоа е:
500 гр говедско мелено месо
250 гр свинско мелено месо
1 главица ситно исецкан кромид
1 чешне лук (исецкан или толчен)
100 гр лебни трошки
5 лажици млеко
1 јајце
сол
црн бибер
Подготовка:
Измешајте ги двата типа месо и додајте ги кромидот, лукот, лебните трошки и јајцето. Добро промешајте, па додајте го млекото и зачинете со сол и црн бибер.
Со дланките обликувајте мали топчиња, наредете ги во рамна чинија и оставете ги во фрижидер околу 2 часа, за подобро да си ја здржат формата во готвењето.
Ставете тавче на средна температура и во него загрејте масло. Ставете ги ќофтињата да се пржат додека не добијат кафеава боја од сите страни.
Испржените ќофтиња наредете ги во тавче, прекријте ги со алуминиумска фолија и ставете ги да се готват уште 30 минути во рерна на 180°С




