Бени златниот ретривер бил целосно збунет кога неговиот сопственик го послужил прерано.
На видеото објавено на TikTok од неговата сопственичка Фернанда Милер, може да се види како таа му нуди на кучето чинија храна.
Но, наместо лакомо да го јаде својот оброк, Бени само збунето го гледал својот сопственик и одбил да јаде.
Причината за оваа необична реакција лежи во промената на часовникот, или преминот од „зимско“ во „летно“ сметање на времето.
Тоа значи дека часовниците се поставени еден час нанапред. Но, внатрешниот часовник на Бени не се приспособи така лесно.
Имено, неговиот оброк бил послужен еден час порано, а тоа очигледно не му се допаднало.
Во видеото кое брзо стана вирално, Фернанда се обидува да го убеди Бени да јаде, но кучето тврдоглаво одбива. А кога му го ставила садот буквално под нос, Бени само се намуртил и направил неколку чекори назад.
Не ни трепна кога го слушна повикот „Време е за вечера“.
По речиси цела минута убедување, Фернанда мораше да го признае поразот.
„Тој само сака да спие“, се пошегува Фернанда во описот на видеото.



