Аријана Гранде навидум навести дека поранешниот сопруг Далтон Гомез и го скршил срцето за време на нивниот двегодишен брак.
Се чини дека таа зборува за раскинувањето со брокер за недвижнини во Лос Анџелес, со кој се омажи во мај 2021 година, во една од песните од нејзиниот нов албум „Eternal Sunshine“, кој беше објавен во петокот.
Во песната „Крајот на светот“ слушаме: „Твоето срце го скршив, затоа што ти го скрши моето“.
„И почна да сфаќаш дека не ми требаш“, пее Аријана.
Аријана Гранде пее и за тоа како погрешно мислела дека ја познава личноста со која излегува, но откривањето на фасадата всушност ја разоткрила лагата.
“Се надевам дека ќе победиш за најдобар актер. Дали знае дека не си тој што велиш дека си”, додала Гранде.
Гранде и Гомез поднесоа барање за развод во септември 2023 година.
Истиот беше завршен во март 2024 година.



