Пејџ Спиранац долго време важеше за најсекси голферка на светот.
Своевремено, сепак, таа беше мета на шпекулации токму поради нејзиниот сексапил.
Поточно, се зборуваше дека на почетокот на кариерата давала сексуални услуги за да напредува и да добива покани за турнири.
“Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Беше ужасно”, рече Пејџ во подкастот “Quiet, Please”.
Сето тоа се случи за време на нејзиниот прв професионален голф турнир во 2015 година. „Не знаев како да се справам со тоа и целиот живот ми се преврте наопаку. Од 500 следбеници станаа 100.000 следбеници“, вели Пејџ.
Таа немаше поддршка од колегите.
„Имаше неколку девојки кои беа добри, но повеќето од нив – добро, тоа беше брутално. Ќе одев на стрелиштето“, додаде Пејџ.
Спиранац сега е амбасадор на организација која ја подигнува свеста за ефектите од сајбер-малтретирањето.
А нејзиниот Инстаграм профил и понатаму е полн со провокативни објави.



