Адвокатскиот тим на Шон Комбс, попознат како Паф Деди, тврди дека сите негови озлогласени секс забави, таканаречените фрик-оф, се одвивале со заедничка согласност на сите инволвирани.
Некои истакнати адвокати веруваат дека оваа стратегија би можела да има тежина пред судот.
Во новиот клип од документарниот филм на TMZ „The Downfall of Diddy: His Defense“, неколку адвокати ја коментираа правната тактика на неговата одбрана. Меѓу нив е и Џозеф Такопина, познат како адвокат на ASAP Роки во случајот за напад во Холивуд, кој го поддржуваше тимот на Деди.
„Главната правна битка овде ќе биде прашањето за согласност“, вели Такопина во видеото.
„Искрено, звучи како луѓето тогаш да се согласиле на што било. Не е трговија со луѓе ако сите сакаат да бидат таму. Кога размислувате за трговија со луѓе, замислувате луѓе кои продаваат за секс, а тоа нема да го најдете овде“.
Такопина истакна и дека, според информациите со кои располага, одбраната на Деди има бројни писмени комуникации кои, како што тврди, ја докажуваат согласноста на сите инволвирани и негираат каква било присила.
„Ќе биде тешко да се каже некому: „Да, го напишав тоа, но едноставно се исплашив и реков дека ми е мило што доаѓам, но всушност не ми беше мило“. Ова не е случај кој е толку цврсто воспоставен како што мислат многу луѓе“, заклучи тој.
Како што се приближува датумот на судењето, Деди се соочува со уште повеќе обвиненија. Последната тужба доаѓа од неименуван маж (Џон До), кој тврди дека Шон Комбс сексуално го нападнал на снимањето на реклама во 2022 или 2023 година. Како што наведува, се работи за високобуџетна реклама, а тој бил ангажиран како фотограф и асистент во продукција. Човекот тврди дека Комбс го поканил во неговата приколка, каде ситуацијата брзо ескалирала. Според тужбата, Комбс барал орален секс, велејќи: „Ако добро пушиш, ќе ја започнам твојата кариера“ – што беше опишано како „безобразна сексуална уцена“.
„Комбс ја претстави средбата како можност за тужителот да ја унапреди својата кариера. Тужителот, иако несигурен, не можеше да го одбие моментот кој изгледаше како да го промени животот, можност која ретко се дава на никого“, се вели во тужбата, пренесена од USA TODAY.
„Јасно се подразбираше дека доколку Доу не го задоволи Комбс со орален секс, неговата кариера нема да има иднина.
За потсетување, Паф Деди моментално е во притвор каде ќе остане до почетокот на судењето.



