Актерката Џенифер Лоренс го роди своето второ дете.
Како што пренесува „Пипл“, тоа го потврдил извор близок на актерката и нејзиниот сопруг, наведувајќи дека двајцата сакале се да чуваат во тајност.
Засега не се знае од кој пол е нивното второ дете.
Џенифер е во брак со Кук Марони од 2019 година, а во 2022 година добија син.



