Во видеото можеме да видиме како Наташа лежи на кревет додека прима инфузија, а нејзините зборови кои ги сподели со видеото предизвикаа бројни реакции кај обожавателите.
Иако на почетокот ги загрижи фановите, Беквалчева брзо ги смири со објаснување, а може да се заклучи дека со нејзиното здравје се е во совршен ред.

„Ова е најдоброто нешто што можете да го направите за себе, вашето здравје, но и вашата убавина“, напиша пејачката покрај клипот, сугерирајќи дека терапијата што ја примила е клучна за одржување на доброто физичко и ментално здравје.
Со оглед на тоа што Наташа често е во центарот на вниманието, а нејзините објави редовно стануваат вирални, не недостигаше интерес кај фановите кои веднаш почнаа да коментираат и да поставуваат прашања за типот на инфузија што ја добива пејачката. Иако не прецизираше точно за која терапија се работи, пејачката секако повторно покажа како се грижи за своето здравје и изглед.
Оваа објава уште еднаш не потсетува дека Наташа освен што редовно се посветува на музиката, внимава и на грижата за своето физичко и психичко здравје.





