Министерството за правда му даде право на Мел Гибсон повторно да поседува пиштол по пресудата за семејно насилство во 2011 година.
Во 2011 година, на Мел Гибсон му беше забрането да поседува огнено оружје поради пресудата за семејно насилство. Сепак, оваа забрана ќе биде укината.
Како што пишува „Њујорк тајмс“, Министерството за правда во САД донело одлука да ја врати лиценцата на Гибсон. Како што изјавил изворот за споменатиот медиум, актерот, кој е поддржувач на Доналд Трамп, ќе биде меѓу деветте лица на кои ќе им биде вратено правото на поседување оружје.
Според натамошните наводи, отпуштена е адвокатката во министерството која се спротивстави на оваа одлука, Елизабет Ојлер.
Таа во интервју за споменатиот медиум рече дека висок функционер на министерството изјавил дека на Гибсон треба да му се врати правото да носи оружје поради неговиот личен однос со актуелниот американски претседател.
Таа истакна и дека нејзиниот негативен однос кон оваа одлука не бил политички мотивиран, туку поради тоа што не го проверила детално случајот на актерот и дека пресудата за семејно насилство ја смета за многу загрижувачка.
Имено, тамошниот закон забранува поседување огнено оружје од страна на лица осудени за семејно насилство.
Потсетуваме дека неколку дена пред неговата инаугурација во јануари, Трамп го назначи Гибсон, заедно со актерите Силвестер Сталоне и Џон Војт, за специјални амбасадори во Холивуд.



