Принцот Хари на големо се пишува во странските медиуми за интересниот живот што го води откако го напушти кралското семејство, а неодамна се најде во центарот на скандал откако реши да ја напушти добротворната организација „Сентебале“ што ја основа пред речиси две децении.
Претседателката на организацијата д-р Софи Чандаука го обвини принцот за „малтретирање и злоставување“, што одекна како бомба во јавноста.
Како што откри таа, принцот Хари и испратил „непријатна“ порака, која само ги потврдила гласините дека војводата од Сасекс е „навикнат луѓето да му се покоруваат“.
Принцот, наводно, ја замолил да ја смири непријатната ситуација што се појавила кога Меган ја замолила да не стои до Хари на хуманитарен турнир во поло.
Оние кои ја виделе пораката велат дека е „многу непријатна“ и напишана со „заповеднички тон“.
Ваквото однесување не помина добро во медиумите, па Хари се најде во многу непријатна ситуација. Посебно се нагласува дека токму тој барал јавно да се осудат оние кои во минатото ја малтретирале неговата сопруга, а всушност според многумина, токму тој ја малтретирал својата колешка.
Чандаука раскажала дека по немилиот настан поминала низ бројни непријатни ситуации кои и го нарушиле секојдневието.
Таа беше принудена да ги затвори своите јавни профили на социјалните мрежи поради неверојатното ниво на омраза и тролање што го добиваше од обожавателите на Сасекс.
„Војвотката најпрвин рече дека нема да дојде на настанот, но во меѓувреме реши да присуствува и донесе и пријателка, многу позната пријателка, Серена Вилијамс“, рече Чандаука и додаде:
„Затоа немаше доволно простор на сцената, па реши да ме отстрани, што може да се види на видеото кое принцот Хари неколку пати побара да се избрише.
Иако многумина го осудија чинот на Чандаука, таа не се откажува од својата борба и ќе се обиде да издејствува правда за сите оние кои некогаш се нашле во слична ситуација или се на пат да минат низ неа.
Да потсетиме, пораките на Хари се однесуваат на проблемите што се појавија за време на хуманитарниот турнир во поло одржан во Мајами минатата година, кога принцот инсистираше да ја доведе екипата на Нетфликс таму за да снима сцени за нивниот документарец, а кога настанот беше реорганизиран, Меган ненајавено се појави и ја донесе нејзината пријателка, тениската ѕвезда Серена Вилијамс.
На церемонијата на доделување награди настана хаос кога Чандаук навидум беше турнат од сцената од војвотката од Сасекс. Видеото стана вирално, а Хари потоа побара од претседателката на организацијата да даде изјава за поддршка на Меган, што таа го одби.



