Роби Вилијамс откри дека неодамна го доживеал првиот напад на депресија по децениска пауза.
Поп-ѕвездата (51) моментално се подготвува да тргне на нова турнеја.
Тоа е негова прва турнеја од 2023 година и ќе вклучува настапи на стадиони во Единбург, Њукасл, Лондон и Манчестер.
„Годината започна со лошо ментално здравје, кое го немав долго, многу долго“, изјави Роби за Мирор во новото интервју.
Тој беше тажен.
“Бев загрижен, бев депресивен“, рече Роби.
Тој додаде дека враќањето на депресијата било особено тешко, бидејќи мислел дека ставил крај на тоа.
“Поминаа околу 10 години… Мислев дека сум на другиот крај од улицата. Мислев дека ова е крајот на мојата приказна. Така што враќањето беше само некако збунувачки”, објаснил Роби.



